Македонија
11. August 2016 - 17:40

Владата одлучи - авансно ќе бидат обештетени граѓаните кои претрпеле штети

Семејствата од најпогодените подрачја ќе бидат авансно обештетени со 100 милиони денари, најави премиерот Емил Димитриев. Владата донесе одлука првично да им помогне на оние чии домови се најоштетени од поплавите. Комисиите за проценка и натаму се на терен, а граѓаните ќе ги добијат сите неопходни парични средства откако целосно ќе биде утврдена причинетата штета.

Димитриев попладнево ја посети општина Илинден каде граѓаните се уште се справуваат со последиците од поплавите. 20-тина куќи и дворови се полни со вода, а оштетени се и голем број македонски компании. За граѓаните најважно во овој момент е да ја отстранат водата, за што итно ќе им бидат донесени 20 пумпи.

Откако ќе биде отстранета водата, ќе се создадат услови во овој дел од општина Илинден да биде приклучена и електричната енергија. Премиерот Димитриев и денеска ќе го посети скопското село Стајковци кое беше едно од најпогодените од невремето.