Македонија
23. јуни 2017 - 17:43

Владата најавува реформи во медиумите, до сега нема јавна дебата

Владата подготвува нов закон за реформи во медиумите. Велат дека целта ќе биде професионализирање и поголема независност на Агенцијата за медиуми а ќе се укине и ка радиодифузната такса со што јавниот сервис ќе се финансира исклучиво со буџетски пари. Министерот за комуникации Поповски информираше дека во понеделник на еврокомесарот Хан ќе му соопштат дека законот ќе биде ставен во  собраниска процедура. Поповски очекува дека законот ќе биде изгласан бидејќи освен ВМРО ДПМНЕ другите партии немале посериозни забелeшки.

Поповски потенцираше дека новиот владин состав нема да троши пари за рекламирање односно сите реклами за различни проекти ќе одат на јавниот сервис. Еврокомескарот Жбогар кажа дека многу е значајно државата преку независното регулаторно тело транспарентно да ги мониторира медиумските бизниси.

Истражување во кое биле опфатени највлијателните тв канали во Македонија, Хрватска и Словенија покажува дека нивен главен извор на финансирање се приходите од реклами. За разлика од Хрватска и Словенија кадешто најголем дел од сопствениците на националните тв канали се меѓународни корпорациски компании,  во земјава сопственици се исклучиво домашни правни и физички лица.