Македонија
28. February 2020 - 10:18

Владата на вонредна седница ќе одлучува за одложување на сите јавни манифестации и собири во земјата

 

Здравствените власти бараат одложување на сите јавни собири и манифестации во следниот период како превенција од корона вирусот.

За нивното барање, на вонредна седница претпладне ќе одлучува Владата. Мерката би требало да трае една недела вели министерот за здравство, но во зависност од ситуацијата може да биде и променета. 

Заразената пациентка како што соопшти Филипче е во добра состојба а на Инфективна утринава проверуваат уште еден сомнителен пациент од Струмица кој пред 5 дена се вратил од Италија.

 
 
Сања Димитровска