Владата на Србија му го одзеде имунитетот на Горан Весиќ
Владата на Србија на 22 ноември му го одзеде имунитетот на министерот за градежништво во оставка, Горан Весиќ, по што му беше одредена мерка притвор, јави дописникот на МИА од Белград.
Весиќ беше уапсен на 21 ноември-четврток со уште 11 лица поради трагедијата на железничката станица во Нови Сад, кога при уривање на настрешницата загинаа 15 лица.
Високиот суд во Нови Сад на 23 ноември им одреди притвор до 30 дена на Весиќ и на поранешниот директор на Инфраструктурата на железници на Србија, Небојша Шурлан, додека на в.д. директката на Инфраструктурата на железници на Србија и поранешна министерка за земјоделие Јелена Танасковиќ и на помошникот – министер за железници, Анита Димовска им беше одреден домашен притвор со електронски надзор.
Тие се приведени поради вознемирување на јавноста, а се сомничат за сторено кривично дело Тешко дело против општата сигурност во врска со кривичното дело предизвикување општа опасност.
Ново на Сител
-
Европската комисија „Фон дер Лајен 2“ стапува на должност
-
Македонските ракометарки го освоија првиот бод на ЕП 2024
-
Облачно со повремени врнежи од дожд и снег
-
Алкалоид осминафиналист во Европскиот куп
-
Во Грузија и вечерва продолжија антивладините протести
-
ФФМ: Одложени натпреварите од 17. коло во ПМФЛ
-
Семејна драма во Штип: Мајка ја нападнала ќерка си
-
Поради снег забрани за тешки товарни возила на патот Кичево - Охрид и кај Плетвар