Владата на Словенија од сабота воведува контроли на границите со Хрватска и Унгарија
Словенечката Влада денеска одлучи од сабота да воведе контрола на границите со Хрватска и Унгарија. Контролните мерки ќе траат 10 дена, со можност тој период да се продолжи.
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ претходно на владината седница изјави дека станува збор за привремени мерки кои веќе ги воведуваат девет земји-членки на ЕУ. – Шенгенот не е завршен, но има проблем.
Воведувањето гранични контроли не е новина, тоа доаѓа поради миграциските трендови и проценките за зголемените безбедносни закани поради тероризмот“, рече Пленковиќ.
Претходно Рим ја извести Љубљана дека поради променетата состојба во Европа и Блискиот Исток воведува гранични контроли со Словенија.
-Словенечкото МВР подготвува известување до Европската комисија за воведување гранични контроли, согласно шенгенските правила.
Станува збор за предлог за привремена мерка поради зголеменото ниво на проценка на терористичка закана во земјите од ЕУ, изјави словенечкиот министер за внатрешни работи Боштјан Поклукар.
Ново на Сител
-

Седница на извршниот одбор на СДСМ
-

Седница на извршниот одбор на СДСМ
-

Тема на денот со Дарко Аврамовски, коалиција Сите за правично судење
-

Глувци шетаат на таванот во тоалетот на студентскиот дом “Пелагонија”
-

Преглед на вестите од светот
-

Кривична пријава за Блерим Беџети за градба во Сарај, тој вели се врши политички прогон врз него
-

СДСМ: Дали во случајот со ИПАРД е вмешан и премиерот?
-

„Почекајте ќе видите“ - вели Мицкоски
