Свет
22. March 2017 - 8:50

Владата на САД нема да воведува данок на емисијата на јаглерод диоксид

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп нема да дискутира за воведувањето данок за емисија на јаглерод диоксид, изјави денеска претставничка на Белата куќа.

На 8 февруари претставници на администрацијата се сретнаа со група високи републикански функционери, кои повикаа во рамките на борбата против климатските промени да се воведе данок за емисии за јаглерод диоксид од 40 долари за тон.