Македонија
29. May 2020 - 16:47

Владата ќе препорача продолжување на вонредната состојба, утре Совет за безбедност

Продолжување на вонредната состојба бараат здравствените власти по големиот број на новозаразени со коронавирусот. Барањето стигнува само ден пред завршувањето на тековната вонредна состојба и нова одлука на шефот на државата Пендровски за тоа.

Мислењето на Владата за тоа дали ќе треба нова вонредна состојба треба да се договара на седница попладнево, но од кабиентот на Пендаровски веќе закажаа состанок на Советот за безбедност за утре напладне не зависно од владините заклучоци. Доколку Пендаровски се реши да прогласи нова вонредна состојба, тоа ќе биде четврта по ред од почетокот на кризата. Претходните три одлуки ја држеа земјава во вонредна состојба вкупно 75 дена.

Од продолжувањето на вонредната состојба зависат и изборите. Здравствените власти се оградуваат од тоа да дадат датум за избори, но велат дека соглласно епидемиолошката состојба на КОВИД-19 тие го изработиле проколот за одржување на избори со пособени здравствени заштитни мерки.

Од друга страна нема напредок во разговорите меѓу власта и опозицијата за нов датум за избори иако партиите велат дека се уште постои каналот за комуникација.

Да се зборува за избори во едни вакви услови не само што не е нормално туку е и морбидно, и ВМРО-ДПМНЕ се противи на тоа да биде дел од сценариото на Заев за организирано убиство на граѓаните. Ова е најсилен аргумент дека брзи избори ја движат државата кон изборна кланица, а не изборен и кредибилен демократски процес.

Од СДСМ повеќе не споменуваат конкретен датум, но и понтаму велат: избори треба да се случат 22 дена по завршување на вонредната состојба.

Од ДУИ, кои најотворено го заговараа 5 јули како компромисно решение меѓу екстремните позиции на власта и опозицијата велат дека остануваат на овој датум,но дека мора да се провери дали новозарезените се од познати кластери. За нив, постои и опцијата изборите да се одржат во редовен термин – крајот на септември.

Премиерот Спасовски кој изминативе денови инсистираше на брз избори, сега, како што пренесува МИА, вели да не се лицитира со датуми бидејќи врвен приоритет се здравјето и животот на граѓаните.