Владата ќе ја одржи 65-тата седница
Владата денеска од 12 часот ќе одржи редовна, 65-та седница со повеќе точки на дневниот ред, меѓу кои Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за наставниците и стручните соработниците во основните и средните училишта и Предлог-законот за учебници и други наставни и дидактички материјали во основно и средно образование, на предлог од Министерството за образование и наука.
Како што информира владината прес-служба, на седницата, која ќе се одржи преку видеоконференциска врска, ќе се разгледува и Информацијата за реализација на проектот за изградба на Интерконективен гасовод меѓу Република Македонија и Република Грција, поднесена од Акционерско друштво за вршење енергетски дејности „Национални енергетски ресурси“ – Скопје во државна сопственост.
Донесените одлуки и заклучоци од оваа седница ќе бидат соопштени по нејзиното завршување.
Ново на Сител
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња