Бизнис
19. September 2015 - 19:23

Владата ќе инвестира 7 милиони евра за изградба на локални патишта до крајот на годината

За изградба на локалните патишта годинава државата ќе издвои  уште 7, 2 милиони евра, а досега се инвестирани 57 милиони евра и тоа онаму каде што било најпотребно.

И во идина ќе продлжиме како досега , и за граѓаните, и  за развојот на економијата, важно е локалнотот поврзување, рече премитот Груевски при посетата на општина Сопиште.

- По преземањето на власта многу интензивно почнавме со градба на локални патишта и не застанавме од 2006, иако во еден период не критикуваа дека многу обрнуваме внимание на локалните патишта, а малку на автопатиштата. Ние обрнавме поголемо внимание на автопатиштата, но го задржавме истото внимание на локалните патишта, изјави Груевски

Досега,  изградени се 350 локални патишта и тоа во должина од близу 700 километри.

-Тоа е еден од покрупните проекти што се чувствува низ Македонија. Се обидуваме во секоја општина колку што е можно повеќе да се изградат локални патишта затоа што тоа се патиштата што луѓето ги користат секојдневно. Автопатот е многу важен и сите сакаме да имаме автопатишта, но освен што е многу поскап се користи поретко, додека локалните патишта од едно населено место во друго населено место, од село во село се нешто што луѓето го користат секој ден, потенцира Груевски.

Премиерот нагласи дека во минатото многу малку се водело груижа за патиштата и затоа државата сега најмногу е фокусирана токму на нивната реазлиација.

За за годинава беа предвидени 46 локални патишта од кои 24 се веќе завршени, а за 20 изградбата е во тек , два допрва треба да почнат да се градат и да бидат завршени до крајот на оваа година.