Бизнис
14. March 2020 - 13:37

Владата ќе им помогне на стопанствениците ако има потреба

Имаме на располагање финансиски средства во Буџетот и кога ќе процениме дека на одредена категорија стопанственици треба да се помогне, ќе се излезе во пресрест, без разлика што сме пред избори, изјави денеска премиерот Оливер Спасовски на прес-конференција.

Владата, како што истакна премиерот, подготвува економски мерки.

-Точно е дека имаме на располагање финансиски средства во Буџетот, затоа и рековме дека се ликвидни. Во моментот кога ќе се процени дека треба на одредена категорија на стопанственици да се помогне да се излезе во пресрет тоа ќе го направиме. И државата и мерките се подготвени и се што треба да биде преземено овој момент ќе биде преземено, без разлика што сме во предизборна ситуација, изјави Спасовски.