Македонија
13. November 2019 - 15:25

Владата изготви закон за евидентирање на лицата „фантоми“

Владата, на предлог на Министерството за труд и социјална политика, го утврди Предлог-законот за неевидентирани лица во матична книга на родени и ќе го предложи на усвојување во Собранието.

Целта на законот, како што информира владината прес-служба, е неевидентираните лица во матичните книги на родените да се стекнат со својство на лице со посебен граѓански статус, заради остварување право за образование, здравствена заштита, социјална заштита и вработување со задолжително социјално осигурување согласно закон.