Македонија
30. January 2018 - 22:10

Владата го разреши Донев од функцијата директор на Агенцијата за промоција на туризмот

 Владата на денешната седница го разреши од должноста директор на Агенција за промоција и поддршка на туризмот Александар Донев.

Во соопштението од владината прес-служба се наведува дека Донев се разрешува заради невнимателно и несовесно работење.