Бизнис
27. March 2018 - 19:38

Владата го раскина договорот со концесионерот на Казандол - рудникот нема да се гради

Владата еднострано го раскинува договорот за Казандол. Рудникот во валандовско нема да се гради.

Премиерот Заев вели дека здравјето на граѓаните е поважно од интересот на било која приватна фирма.

Основ за раскинување на договорот за концесија е неисполнувањето на посебниот услов кој се однесува на изградба на постројка за експолатација на катоден бакар. 

Постројката со капацитет за процесирање најмалку  50% од експолатираната руда требало да биде изградена во рок од две години. Условот не е исполнет.

Компанијата САРДИЧ која го гради рудникот вчера најави дека доколку Владата одлучи еднострано да го раскине договорот, тие ќе ја тужат Македонија пред арбитражата во Вашингтон и ќе бараат оштета од 380 милиони евра.

Рудникот Казандол се простираше на тероторија на три општини. Против неговата изградба на референдум се изјаснија жителите на Дојран и Богданци, а гласањето во Валанодво не успеа.