Македонија
23. јуни 2020 - 19:43

Владата дозволи слободно движење преку граница од петок

Без ПСР тест и домашна изолација, од петок целосно се отвораат границите. Согласно препораките на комисијата, кризниот штаб на Владата ја донесе одлуката од 26 јуни да се отворат истовремено граничните премини и меѓународниот аеродром во Скопје и аеродромот во Охрид. Ова го соопшти попладнево техничкиот премиер Оливер Спасовски на својот фејсбук профил. Владата донела одлука да се укине забраната за организиран превоз. Од петок угостителските објекти ќе можат да работат и во внатрешните простории според протокол.

„Од петок, 26 јуни 2020 година, се дозволува и работата на теретаните и вежбалните, а моловите, од истиот датум, ќе можат да работат и во неделите. За сите овие одлуки до петок кога започнува нивната важност, ќе бидат подготвени протоколи кои ќе бидат задолжителни за сите економски оператори и институции во чија надлежност се овие одлуки.

Отворањето за македонските државјани за сега значи слободно патување без карантин и тест во Србија, Албанија и Косово. До први јули се очекува одлука да донесат и земјите членки на ЕУ за отворањето на границите за земјите од Западен Балкан.

Во моментов нашите држајвани мора да приложат ПСР тест не постар од 72 часа за да се вратат во земјава и ова ќе важи до петок. Државните граници Владата целосно ги затвори од средината на март.