Македонија
4. August 2021 - 13:55

Владата донесе одлука за основање на Јавна установа за управување и заштита на Националниот парк Шар Планина

На 92-рата седница на Владата, донесовме одлука за основање на Јавна установа за управување и заштита на Националниот парк Шар Планина. Со донесувањето на оваа одлука ќе се воспостави начин на заштита на новиот НП Шар Планина и ќе се преземат мерки за заштита на утврдените зони во националниот парк, наведе на неговиот фејсбук-профил премиерот Зоран Заев.

Претседателот на Владата посочи дека со прогласувањето на Шар Планина за заштитено подрачје се стави под заштита и се овозможи воспоставување на систем за одржливо управување на подрачје кое е ризница на биодиверзитетот, дом на две третини од сите растителните видови во Македонија и богат и ендемичен растителен и животински свет.