Македонија
22. July 2015 - 17:24

Владата донесе одлука да се купи нова опрема за Градска болница 8 Септември и веднаш се издвоени два милиони евра

Нова медицинска опрема во вредност од два милиони евра ќе добие Градската болница 8-ми септември. За модернизација на оваа здравствена установа одлучи  Владата на вчерашната седница. Кардиологија, Урологија, трансфузија, патологија и физикална терапија се дел од специјалностите кои ќе добијат нови апарати. Од министерството за здравство појаснуваат дека се фокусирале на овие дејности поради зголемениот број на пациенти.

- На одделението за кардиологија, потенцира министерот, бројот на упати креирани во првите 6 месеци од годинава е поголем за 28 проценти споредено со првите шест месеци од минатата година, на одделението за урологија бројот на упати е зголемен за 32 проценти. Исто така, и во останатите специјалности се бележи одредено зголемување, изјави Никола Тодоров министер за здравство

8-ми септември која според Тодоров е еден од стожерите на македонскиот здравствен систеим, со новата опрема уште повеќе ќе го подигне квалитетот на здравствените услуги. Министерот за здравство вели дека има доволно едуциран кадар во установата.

- Имаме доволно кадар со новите вработувања, со преминот на лекари од приватно во државно здравство како и со трандформацијата на работниот однос. Има и едуциран кадар кои поминаа обуки во земјата и странство, изјави Тодоров.

Изминатите години Владата инвестираше над 10 милиони евра во опрема, реконструкција и кадар за 8-ми септември која постепено прерасна во врна болница во која лекарска помош добиваат пациенти од цела Македонија. Во оваа установа во август ќе проработи и новиот ангиограф што ќе значи попрецизна дијагностика на одделенијата за кардиологија и онкологија