Владата донесе нова одлука - забрана за движење во групи поголеми од две лица
На денешната владина седница на која беше донесена одлука за продолжување на полицискиот час кој во работни денови ќе почнува од 16 часот на цела територија на државата, а за викенди ќе има целосна забрана за движење, Владата донесе и дополнителни ограничувања за граѓаните.
Со нив, се забранува собирање луѓе во групи поголеми од две лица, а не како досега кога максималниот број беше пет лица.„Според одлуката, се забранува движењето на граѓаните на јавни места и јавни површини во групи поголеми од две лица, при што тука не се вбројуваат лицата помали од 14 години, доколку се деца на родител кој е дел од групата од двајца. За земјоделските активности, дозволено е движење во рамки на територијата (атарот) на селата, исклучиво за работните потреби“,стои во соопштението.
Дополнително, за лицата над 67-годишна возраст се забранува движењето во текот на сите работни денови, од понеделник до петок, освен во периодот од 10 до 12 часот.
За младите лица до 18 години се забранува движењето во текот на сите работни денови, од понеделник до петок, освен во периодот од 13 до 15 часот.
Новите ограничувања стапуваат во сила в среда, 8 април 2020 година, во 16 часот.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација