Македонија
5. January 2021 - 11:17

Владата денеска ќе ја одржи 37-мата седница

Владата на Република Македонија, денеска, со почеток во 12:00 часот, ќе ја одржи редовната 37-ма седница.

На седницата, на предлог на Министерството за финансии, Владата, меѓудругото ќе го разгледа Предлог-законот за буџети како и Информацијата за напредок во имплементацијата на Проектот за подобрување на општинските услуги заклучно со септември 2020 година.

За заклучоците и одлуките од денешната Владина седница, која ќе се одржи преку видео-конференциска интернет врска, јавноста ќе биде информирана со соопштение веднаш по завршувањето на седницата.