Македонија
18. May 2021 - 16:34

Владата даде негативно мислење за една изборна единица

Владата дала негативно мислење за Предлог-законот за изменување и дополнување на Изборниот законик со кој треба да се воведе една изборна единица и на тој начин помалите партии да имаат погоплеми шанси за повеќе пратенички места доколку настапуваат независно.

Предлогот на законското решение е поднесен од: пратениците на ЛДП, Моника Зајкова и Боби Мојсоски, на ДС, Павле Трајанов, ДОМ, Маја Морачанин и Мирослав Богдановски, на Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов, на ВМРО-НП, Љупчо Балкоски и на пратеникот од Коалицијата предводена од СДСМ, Панчо Минов.

Негативното мислењето е доставено и потпишано од првиот вицепремиер Артан Груби, а во него пишува дека е потребен општ консензус и дека планирана е поширока дебата на работната група со парламентарните политички партии.

Поради ова Владата му предлага на Собранието да не го донесе законот, објави „Слободен печат“.