Балкан
28. July 2021 - 9:55

Влада на Косово: Повредените во сообраќајката во Хрватска вечерва ќе стигнат во Приштина

Повредените во сообраќајната несреќа кај Славонски Брод вечерва ќе пристигнат со авион во Косово, соопшти Владата на Косово.

Во соопштението се наведува дека тие ќе пристигнат на приштинскиот аеродром „Адем Јашари“ околу 22 часот.

Исто така, се посочува дека Министерството за надворешни работи на Косово е во постојан контакт со семејствата на жртвите и дека утре телата на осум од 10 жртви ќе бидат пренесени на Косово.

„Владата на Косово, со сите свои институции и капацитети, работи напорно за да обезбеди соодветна грижа и третман на нашите сонародници повредени во Хрватска. Косовските институции, во координација со хрватските институции, организираа враќање на нашите сограѓани на Косово, чии здравје е стабилно“, се вели во соопштението.

Ново на Сител