Влада на Индија: Бремените жени да не јадат јајца и месо и да се воздржуваат од „нечисти“ мисли

Владата во Индија објави упатство во кое на бремените жени им советува да не јадат месо и јајца и да се воздржуваат од „нечисти“ мисли.
Лекари предупредуваат дека таквата препорака е опасна особено имајќи предвид лоша здравствена заштита на бремените жени и млади мајки.
Често се случува жени во патријахални индиски домаќинства последни да добијат храна или лекарска помош. Индија се наоѓа во врвот на листата на држави со најголема стапка на смртност на мајки при породување претежно поради неухранетост и анемија.
Според уницеф, во Индија на 100.000 бремености при породување умираат 174 жени што е многу повеќе отколку во Кина (27) или САД (14).
Критики се упатени за владината брошура Грижа за мајката и детето, заснована на религиска догма.
Таму се „одземени“ медицински совети бремени жени да јадат многу протеини, но и дека можат безбедно да имаат секс.
Во владиното упатство се вели дека бремените жени треба да се возджуваат од „нечисти мисли“ како и дека гледање фотографии на бебиња може поволно да влијае врз фетусот.
Советувано им е и да се воздржуваат од омраза и гнев.
Конзервативниот министер за здравство Шрипак Наик вели дека упатството содржи „мудрост собирана со векови“.
Ново на Сител
-

Министерство за економија и труд: Повисоки плати и повеќе работни места преку новите мерки за инвестиции
-

Струшката полиција откри три бразилки и една девојка од Перу со незаконски престој во земјава
-

Додека бил на работа запалил службени материјали во метално буре, кривична за инспектор од Македонска Каменица
-

Четири лица нападнале 61-годишен маж и неговиот внук, едно лице од нив испукало со пиштол во воздух
-

ДНК-анализа: Хитлер имал генетски нарушувања што влијаеле на неговите гениталии
-

Украина и САД започнаа со производство на дронови-пресретнувачи
-

38-годишен скопјанец управувајќи велосипед удрил во пешак на бул.„Партизански Одреди“
-

Кремљ и испрати порака на Украина:Колку повеќе чекате, ќе ви биде потешко
