Македонија
29. August 2017 - 20:56

Влада: ДИК го добива на трајно користење деловниот простор во кој е сместена

На денешната седница Владата донесе одлука со која и го дава на трајно користење без надоместок деловниот простор во кој сега е сместена Државната изборна комисија.

Во соопштението од Владата се наведува дека примопредавањето на деловниот простор ќе се изврши меѓу Министерството за финансии и Државната изборна комисија во рок од осум дена од денот на влегување во сила на оваа одлука.

- Оваа одлука на Владата е во согласност со акциите од Планот 3-6-9, според кои е предвидено создавање подобри услови за непречено и функционално работење на Државната изборна комисија, се појаснува во соопштението.