Македонија
16. May 2021 - 12:06

Вкупно 32 лица го прекршиле полицискиот час

Од 00.00 часот до 04.00 часот (16.05.2021) констатирано е дека 32 лица не ја почитувале забраната за движење. Во текот на изминатото деноноќие (15/16.05.2021) пак, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 476 прекршоци.  

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.