Македонија
5. April 2021 - 11:42

Вкупно 10 лица го прекршиле полицискиот час

Од 22.00 часот (04.04.2021) до 05.00 часот (05.04.2021) констатирано е дека 10 лица не ја почитувале забраната за движење. Во текот на изминатото деноноќие (04/05.04.2021) пак, на територијата на Република Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 417 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.