Бизнис
2. April 2018 - 19:39

Визна либерализација за привлекување повеќе туристи, бараат туристичките работници

Визите проблем за туристите  од земјите од далечниот исток да ја посетат Македонија. Во време кога интересот кај кинезите иранците, тајванците, јапонците е голем да дојдат на Балканот, Македонија бара тие да обезбедат бројни документи за да ја видат нашата земја.

Поради тоа не заобиколуваат и одат во соседството, каде визите одамна се укинати. Затп и нашите туристичките работници  бараат  од надлежните да го сторат тоа, со што приходите од туризмот сметаат дека значително ќе пораснат.

Бараат поголема контрола про издавањео лиценмци и  осигурување на аранжманите.

Бројот а туристи минатата година во однос на претходната пораснал за 16 проценти. Најмногу  посетители имало од Турција, потоа од Србија, Грција, Бугарија, Холандија.

Девизниот приход од туризмот изнесувал над 300 милиони долари.

ИРЕНА ЧАЧКОВА