Македонија
26. August 2015 - 14:01

Витези и принцези го окупираа Скопје!!!

Вчера вечер витези и принцези го окупираа Скопје. Се’ започна во Скопје Сити Мол, кога вратите од поставениот замок се отворија и приказната започна.

Во улоги на дами, принцези, витези и принцови беа најмалите кои облечени во специјални костими од средновековниот период се бореа за чест, трон и титула. Многу насмевки, возбуда, среќа и адреналин можеа да се забележат кај децата, кои повеќе од се’ беа импресионирани од приказната и игрите од средновековниот период.

Скопје Сити Мол ги повикува сите деца и родители, да го посетат трговскиот од денес па до 15ти септември, да доживеат едно комплетно ново искуство со повеќе забава и многу возбуда како никогаш досега.

Скопје Сити Мол, се’ што сакам од игра, забава и едукација.

Во прилог Ви праќам комплетна информација, линк од видеото и фото галерија од отворањето на Детското кралство.

.be