Џет-Сет
8. April 2018 - 21:41

Вистинското лице на Ким Кардашијан: Објави фотографија без грам шминка и ги покажа црните кругови

Старлетата Ким Кардашијан покажа како изгледа без шминка.

Таа на Инстаграм објави фотографија како изгледа без фасада.

За на милионите фанови да им покаже како се користат коректори, старлетата се одлучи на овој потег.

Кога ги откри триковите, ја симна целата пудра од лицете за да го покаже значењето на шминката.

„Гледате какви црни кругови имам под очите, а видовте колку се светли кога ќе го ставам својот коректор“, напиша таа во описот на фотографијата.