Свет
27. December 2018 - 21:01

Вистински пекол во Австралија: Се варат на 49 степени, им се заканува опасност од пожари

Австралија ја зафати топлотен бран, а утрово се измерени 49 степени Целзиусови, поради што е издадено и предупредување за пожари, пишува австралискиот печат.

Според податоците на австралиското Метеролошко биро температурата е за само два степни пониска од рекордната температура од 50,7 степени, забележана во 1960 година.

Веќе во 9 часот утрово се забележани 43 степени, а екстремните земператури се измерени во Западна и Јужна Австралија, како и во Нов Јужен Велс и централниот Квинсленд.

Во најголемите австралиски градови Мелбурн и Сиднеј забележани се нешто пониски температури - 36, односно 29 степени.

Во Сиднеј е издадено предупредување зошто нивото на озон почнало да расте, што може да создаде закана по здравјето на луѓето со астма, како и други хронични болести.