Џет-Сет
4. July 2016 - 20:54

Вистинска дива: Се огласи Мартија по супер финалето

 
Мартија Станојковска во ексклузивно интервју за Пинк.рс, си ја отвара душата по вчерашното супер-финале во кое таа заврши на второто место, а победата ја однесе Марко Бошњак.
 
Гласот и харизмата, сценските настапи на кои изгледаше како светска дива, ја однесоа Макеоднката до второто место во втората сезона на шоуто. Таа вели дека е возбудена и дека сака да продолжи да се занимава со музика.
 
- Ова е голем успех за мене, не ни очекував дека ќе стигнам до тука покрај сите таленти. Од сите деца кои дојдоа на аудиција сум втора...тоа е супер. Му честитам и на Марко за победата, заслужена е, изјави Мартија.
 
Таа за Пинк.рс вели дека сака да сними албум ии понатаму да се занимава со музика. 
 
- Ќе се вратам на танцувањето, ми треба физичка активност. Сакам да се занимавам со музиката, сакам да снимам песни и албум, вели убавата Мартија.
 
Браво за Макеоднката која ја направи Македонија горда!