Високиот комесар на ОН за бегалци загрижен од договорот Турција-ЕУ
Високиот комесар на ОН за бегалци Филипо Гранди изјави денеска дека е длабоко загрижен од нацртот за договорот меѓу ЕУ и Турција, што предвидува враќање на сите мигранти во Турција, вклучувајќи ги и Сиријците што бараат азил, јави БТА.
- Длабоко сум вознемирен од секаков договор, што вклучува неселективно враќање на луѓе од една земја во друга и не прецизира гаранции за заштита на бегалците согласно одредбите на меѓународното право, рече Гранди на сесијата на ЕП во Стразбур.
Гранди наведе три услови, при кои враќањето на кандидати за азил во „трета земја“ би можело да се смета за соодветно на меѓународното право. Но, пред се, секој бегалец треба да биде „заштитен од прогонување“, и доколку добие азил, тоа треба да биде во согласност со меѓународните стандарди, со целосен и релен пристап до образование, здравствена заштита и доколку е неопходно, социјална помош, додаде Гранди.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Маркетите кои картелски се здружуваат, ќе одговараат
-
Значајна инвестиција
-
Дисциплинска комисија ќе утврдува зошто доктор уролог „хистерично“ викал во амбулантите на клиниката
-
Милорад Додик осуден на една година затвор
-
Месец на франкофонијата
-
Економијата тоне
-
Членовите на Судски не чувствуваат одговорност во пресрет на интерпелацијата
-
Сончогледот повторно се враќа на македонските полиња