Виолинистката Ајман Мусакаџаева ќе го отвори фестивалот на класична музика „Интерфест“
Со концерт на Ајман Мусакаџаева народен уметник на Република Казакстан, утревечер во Битола ќе почне 25. издание на Фестивалот на класична музика „Интерфест“. Заедно со Мусакаџаева ќе настапи и пијанистката Сара Асабајева Шакировна со која ќе исполнат дела од Витали, Брамс, Сен-Санс, Бизе-Ваксман и други...
Мусакаџаева е во рангот на најголемите интернационални ѕвезди на виолинската уметност со широка уметничка мисла, со потполна апсорпција на музиката и беспрекорна техника кои и овозможија да освои награди на престижните конкурси во Белград, Џенова, Токио, Хелсинки и интернационалниот конкурс „Чајковски“ во Москва, информираа од „Интерфест“.
Од „Интерфест“ во пресрет на почетокот на фестивалот информираат дека Ајман Мусакаџаева е добитник на значајни титули како што се „Член на Асоцијацијата Чајковски конкурс во Москва”, „Народен уметник”, „Почесен уметник на Узбекистан”, „Академик” на Интернационалната Академија на Уметностите” и големото признание на УНЕСЦО “Аритсте оф пеаце”.
Минатата година беше пропгласена за „Почесен доктор на науки” на Универзитетот на Северна Кореја. За исклучителната општествена дејност е прогласена за „Херој на работата на Казакстан”. Ајман Мусакоџајева е единствен уметник од Казакстан кој снима за престижната дискографска куќа „Деутсцхе Граммопхон”.
Ново на Сител
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање