Тенис
8. July 2017 - 20:44

Вимблдон: Возниацки го фати „последниот воз“ за осминафиналето

Поранешната најдобра тенисерка Каролине Возниацки како последна успеа да се пласира во осминафиналето на годинашниов Вимблдон откако по два часа игра ја победи Контавеит со 2-1 во сетови. Притоа во вториот сет противничката имаше постојано водство и предност од брејк, а Возниацки се избори за тај брејк , кој го доби и со навести пресврт во мечот. Тешка победа од 2-1 постигна и првата носителка и ланска финалистка Анжелик Кербер.

Резултати од денешните мечеви од 3.коло кај жените:
Кербер - Роџерс 2-1 (4:6; 7:6; 6.4),
Мугуруза - Кирстеа 2-0 (6:2; 6:2),
Радванска - Башчински 2-1 (3:6; 6:4 ; 6:1),
Кузнецова - Херцог 2-0 (6:4; 6:0),
Рибарикова - Цуренко 2-0 (6:2; 6:1),
Мартиќ - Диас 2-0 (7:6; 6:1),
Вандевеге - Риске 2-0 (6:2; 6:4)
Возниацки - Контавеит 2-0 (3:6; 7:6; 6:2).
 
Во осминафиналето во понеделник ќе играат:
Кербер - Мугуруза,
Радванска - Кузнецова,
Рибарикова - Мартиќ,
Вандевеге - Возниацки,
Коњух - В.Вилијамс,
Остапенко - Свитолина,
Конта - Гарсија и 
Азаренка - Халеп.