Тенис
8. July 2016 - 23:16

Вимблдон: Трето финале за Мареј

Вториот носител на Вимблдон и победник на турнирот во 2013 година Енди Мареј успеа да се пласира во своето трето финале на овој турнир. Тој попладнево во полуфиналето го победи Томаш Бердих со 3-0 во сетови (6:3; 6:3 и 6:3 во гемови).
За Мареј оваа година ова ќе биде трето Грен слем финале откако претходно беше поразен на Австралија опен и Ролан Гарос.
Негов ривал во неделното финале ќе му биде Милош Раониќ кој со 3-2 во сетови го победи Рожер Федерер.