Тенис
11. July 2018 - 18:59

Вимблдон ќе добие нов шампион, Федерер елиминиран во 1/4-финалето

Бранителот на трофејот од минатата година Роџер Федерер е елиминиран во четвртфиналната рунда. 
 
Во неверојатен меч против Кеви Андерсо, кој траеше 4 часа и 15 минути, а во кој Швајцарецот имаше водство од 2:0 во сетови, Јужноафриканецот комплетно успеа да се врати во игра и сервирајќи дири 28 аса, го доби решавачкиот петти сет со 13-11. 
 
Андерсон за противник во полуфиналето ќе го има победникот од мечот меѓу Милош Ранониќ  и Џон Иснер. 
 
Пласман во полуфиналето обезбеди и Новак Ѓоковиќ, со победата од 3:1 во сетови над Јапонецот Кеи Нишикори (3:1 6-3/  3-6 / 6-2 и  6-2)
 
Србинот во полуфиналето ќе се сретне со подобриот од мечот меѓу Рафаел Надал и Хуан Мартин Дел Потро