Loading Video...
Тенис
9. July 2019 - 18:50

Вимблдон 2019: Комплетирани полуфиналните двојки кај дамите

Познати се полуфиналистките на женскиот дел од турнирот во Вимблдон. 
 
Романката Симона Халеп обезбеди пласман во полуфиналето со победата во два сета над Шуаи Жанг, Кина. Иако во првиот сет беше одигран трај-брејк, сепак во вториот, седмата носителка Халеп на кинеската тенисерка и препушти само еден гем (6-1), со што за прв пат во својата кариера обезбеди место во полуфиналето на Вимблдон. 
 
А, во него за противничка ќе ја има, Украинката, Елена Ситолина која Каролина МУЧОВА од Чешка со 2:0 во сетови.
 
Седумкратната победничка на Вимблдон годинава 11-та носителка, Серена Вилијамс во три сета го доби четвртфиналниот дуел со сонародничката Алисон Риске. 
 
Првите два сета завршија со идентични 6-4, а во решавачкиот трет Серена беше подобра со 6-3. 
 
Серена во полуфиналето ќе игра против Барбора Стрикова, од ешка која во два сета со 7-6 и 6-1 ја победи домашната тенисерка Џоана Конта,