Тенис
10. July 2019 - 16:33

Вимблдон 2019: Ѓоковиќ прв полуфиналист

Бранителот на трофејот на Вимблдон од лани, Новак Ѓоковиќ прв обезбеди пласман во полуфиналето, девето за него на неофицијалното Светско тениско првенство.
 
Светскиот рекет број 1 и прв носител на Вимблдон, Ѓоковиќ за помалку од 2 часа го победи Белгиецот, Давид Гофин со 3:0. 
 
  Србинот ги доби трите сета и тоа мошне убедливо со 6-4, 6-0 и 6-2, за пласман во полуфиналето во кое ќе игра со подобриот од дуелот меѓу  Шпанецот, Габриел Баутиста Агут (23) и Аргентинецот, Гуидо Пела (26) дуел во кој моменталниот резултат е 2:0 за Шпанецот (7-5, 6-4, 3-5). 
 
Втората полуфинална двојка ќе ја дадат победниците од четвртфиналните пресметки меѓу (2) Роџер Федерер и (8) Кеи Нишикори, Јапонија,  односно (3) Рафаел Надал и Американецот, Сем Квери