-->
-->
Вимблдон 2019: Ѓоковиќ прв полуфиналист
-->
Бранителот на трофејот на Вимблдон од лани, Новак Ѓоковиќ прв обезбеди пласман во полуфиналето, девето за него на неофицијалното Светско тениско првенство.
Светскиот рекет број 1 и прв носител на Вимблдон, Ѓоковиќ за помалку од 2 часа го победи Белгиецот, Давид Гофин со 3:0.
Србинот ги доби трите сета и тоа мошне убедливо со 6-4, 6-0 и 6-2, за пласман во полуфиналето во кое ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Шпанецот, Габриел Баутиста Агут (23) и Аргентинецот, Гуидо Пела (26) дуел во кој моменталниот резултат е 2:0 за Шпанецот (7-5, 6-4, 3-5).
Втората полуфинална двојка ќе ја дадат победниците од четвртфиналните пресметки меѓу (2) Роџер Федерер и (8) Кеи Нишикори, Јапонија, односно (3) Рафаел Надал и Американецот, Сем Квери
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
До четврток облачно со дожд, од петок стабилизирање на времето
-
Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат на утрешните претседателски избори
-
Тешко повреден пешак во сообраќајка на „Партизанска“ во Скопје
-
Во Хрватска падна снег | ВИДЕО
-
Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште
-
Првите шест авиони „Рафал“ во Хрватска пристигнуваат оваа недела
-
Швајцарија замрзна руски имот во вредност од 5,8 милијарди франци
-
Венеција почнува да наплаќа влезници