Loading Video...
Ф1
30. May 2020 - 16:31

Вилијамс размислува да го продаде својот тим, а Рено и следната сезона останува во Формула 1

 
 
Раководството на формула 1 тимот Вилијамс сериозно размислува својот удел. 
 
Од  „Гран-при холдинг Вилијамс“ соопшти дека ја разгледуваат опции како дел од „новата стратешка насока“, да биде и продажба на малцински или мнозински удел, па дури и „потенцијална продажба на целата компанија“. 
 
Групацијата веќе е во прелиминарни разговори со како што истакнуваат „мал број на потенцијални инвеститори во компанијата“.
 
Тимот на Вилијамс веќе објави загуба од 13 милиони фунти  за минатата 2019 годината, откако една година претходно (2018-та) оствари профит од 12,9 милиони фунти. Но, ваквиот потег на челниците на тимот се должи пред се поради тешки финансиски времиња по  појава на Корона вирус како и неизвесноста околу сезоната 2020-та. 
 
Инаку тимот на Вилијамс основан во далечната 1966 година, е третиот најуспешен тим во историјата на формула 1 спортот со вкупно 9 титули во конкуренција на конструктори и 7 индивидуални титули на нивните возачи. 
 
 
Затоа пак од тимот на Рено потврдија дека и наредната сезона ќе остане дел од Формула 1 шампионатот. 
 
Францускиот производител на мотори Рено се соочува со огромни финансиски проблеми, па дури и го намали бројот на вработените во сите свои сегменти за 15.000 лига помалку. 
 
Од Рено очекуваат финансиска помош од француските власи и тоа од неколку милијарди евра како би можеле да ја сочуваат компанијата. 
 
Сепак, привремениот извршен директор на Рено, Клотилде Делбос, потврди дека Рено ќе остане во Формула 1 и во следната 2021 година.