Фудбал
22. September 2016 - 8:17

Виктор Ангелов се врати со гол за Ујпешт

Репрезентативецот на Македонија до 21г. Виктор Ангелов  успеа да постигне гол на првиот меч во Унгарското првенство одигран по паузата поради повреда. 

Ангелов стрелаше за водство на Ујпешт против Халадаш во мечот од унгарското првенство кој заврши 1-1.
Ова е добра вест за селекторот Милевски пред решавачкиот квалификациски дуел за ЕП помеѓу Македонија и Шкотска што ќе се одигра на 11 Октомври во Скопје.