Македонија
7. October 2022 - 11:28

Викендов стабилно, од вторник локален дожд

– УХМР информира дека до понеделник ќе се задржи стабилно време со ниски утрински и релативно високи дневни температури.

Утре и задутре по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба утринска магла.

Од вторник ќе настапи зголемување на облачноста со локални врнежи од дожд.