Македонија
9. March 2018 - 11:59

Викендов стабилно и топло време со дневни температури до 22 степени

 - За време на викендот во Македонија ќе биде стабилно, претежно сончево и релативно топло. Ќе дува слаб до умерен претежно југозападен ветер.

Температурите утре ќе се движат од - 3 во утринските часови до максимални 20 степени преку ден во јужните делови на земјата.

Во недела минималната температура ќе се движи од 0 до 6, додека дневните од 16 до 22 степени.

Во понеделник се уште ќе е топло, но ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет најпрвин во западните делови. Ќе дува умерен до повремено засилен југоисточен ветер и преку денот ќе има услови за појава на грмежи проследени со краткотраен пороен дожд. Утринските температури ќе се движат од 4 до 10 степени, додека дневните од 15 до 22 степени

Од вторник ќе биде посвежо, а утринските температури ќе бидат со постепено опаѓање.