Македонија
27. јуни 2020 - 11:41

Викендов нестабилно време, од понеделник сончево и многу топло до 39 степени

Попладне и во текот на утрешниот ден ќе има нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, соопшти УХМР.

Од понеделник до среда времето ќе биде сончево и многу топло со дневни температури кои насекаде ќе бидат над 30 степени. Максималните дневни темепратури ќе достигнат и до 39 степени.