Македонија
19. July 2020 - 15:33

Викендов и во Прилеп журка во ноќен клуб без дистанца и заштитни маски

По фотографиите во ноќниот клуб во Струмица таква слика викендов можеше да се забележи и во Прилеп. Иако забавите се забранети, организаторите на истите за да привлечат посетители ги промовираат на социјалните мрежи.

Прилепскиот клуб „Калипсо“ вчера бил преполн, а забавата како што може да се види од фотографиите поминала со гужва, турканици, лица без заштитни маски, а не се одржувало ниту социјална дистанца.