Македонија
20. April 2018 - 12:15

Викендов и следната седмица сончево и топло до 30 степени

 Викендов и седмицата што престои времето ќе биде сончево, стабилно и суво, од недела со пораст на дневните температури на воздухот и до 30 степени. УВ индексот во текот на целиот период ќе изнесува 7.

Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност претежно во југоисточниот и југозападниот дел од земјата. Утринската температура ќе се движи од еден до 13 степени, а дневната максимална од 16 до 24 степени. 

Во Скопје сончево и топло со температурата до 23 степени Целзиусови.

Времето во недела ќе биде сончево со температура во интервалот од 21 до 28 степени, во понеделник од 23 до 30 степени. Во вторник ќе има извесно зголемување на облачноста со услови за краткотраен локален дожд. Температурата ќе се движи од 22 до 28 степени. Во среда и четврток температурите од 23 до 28 степени, односно од 25 до 30 степени Целзиусови.