Спорт плус
2. јуни 2016 - 14:07

Викендов борење во „Борис Трајковски“

Јубилејното 40-то издание на интернационалниот турнир во борење „Македонски бисер“, на кој бидат одбележани уште два јубилеја, 55 години од постоење на македонското борење и 20 години од победата на Интернационалниот боречки куп на „Бучим Јака“, ќе се одржи в сабота.
 
„Борењето е најтрофејниот спорт во република Македонија, и иако во изминативе години изостанаа големи резултати, интересот кај младите за борење е зголемен и наше мислење е дека борењето ќе се врати на македонската сцена на голема врата”, истакна првиот човек на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески, дополнувајќи дека државата за организација на овој спортски настан издвоила 600.000 денари.
 
На боречкиот турнир „Македонски бисер“ учеството го потврдиле 14 држави со борачи победници на европски и светски првенства и учесници на Олимписки игри. Стартот на турнирот е закажан за сабота во 10.00 часот во малата сала при СЦ „Борис Трајковски“, додека финалните борби ќе бидат во попладневните и вечерните часови.