Македонија
14. May 2018 - 8:39

Викендот санкционирани 147 возачи под дејство на алкохол

Едно лице се здобило со тешки телесни повредни, а 28 се полеснo повредeни во 18 од 29-те сообраќајни несреќи регистрирани во изминатите три дена на подрачјето на СВР Скопје.

Сообраќајната полиција санкционирала 169 возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената, а исклучила од сообраќај 229 возачи, од кои 147 под дејство на алкохол, 52 пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и 30 возачи почетници.

Од сообраќај се исклучени 69 нерегистрирани возила, шест неисправни возила, 204 автомобили кои биле непрописно паркирани, а подигнати возила со пајак 114. 

Единаесет пешаци поминале коловоз надвор од пешачки премин, а 10 возачи поминале на крстосница на црвено светло.

Четири возачи не дале првенство на минување на пешаци, двајца се престроиле неправилно, шест неправилно престигнувале, тројца возачи не дале првенство на минување, а 25 возачи не користеле заштитен шлем со мотор, мопед и мотоцикл.

Одделението за превенција при СВР Скопје денеска ќе реализира едукативни работилници во градинката „25 Мај“ во општина Гази Баба.