Loading Video...
Тенис
26. November 2019 - 13:41

(ВИДЕО) Рекордната посетеност на тениски меч меѓу Федерер и Зверер

 
 
Првиот натпревар на Роџер Федерер во Мексико по неколку децении беше проследен во рекорден амбиент. 
 
Егзибицискиот дуел меѓу Швајцарецот и Германецот, Александер Зверев кој патем Федерер го доби со 2-1 во сетови (3-6, 6-4, 6-2), во живо на стадионот „Плаза де Торос“ го следеа рекордни 42.517 гледачи, што претставува најголема посетеност на еден меч во историјата на овој спорт. 
 
Претходниот рекорд од безмалку 7 илјади гледачи помалку (35.681) го одиграа Серена Вилијамс и Ким Клијстерс во Белгија во 2010 година.
 
Дуелот меѓу Федерер и Зверев е дел од турнеја на овие двајца тенисери на јужноамериканскиот континент. 
 
Сепак се очекува дека овој рекорд нема да трае долго бидејќи веќе во февруари, Фенерер има закажано егзибициски меч со својот најголем ривал Рафаел Надал кој ќе се игра на стадионот „Кејп Таун“ во Јужна Африка, а кој има капацитет од 55.000.