Македонија
19. April 2017 - 14:01

Видео од страшната сообраќајка во Велес во која загина 23-годишно момче

Момче од Кавадарци утрово загина во сообраќајна несреќа на влезот на Велес откако камионот кој го возел се извртел на патот, а кабината сопрела на работ на провалија.

Дваесет и тригодишното момче Ј.Р. паднало во провалијата кога вратата од камионот се отворила.  

Повредениот веднаш бил пренесен во болницата во Велес, но и покрај обидите на лекарите да го реанимираат, момчето починало.

Од полицијата соопштија дека околу 7 часот товарно возило марка „сканиа“, сопственост на кавадаречка фирма, на источниот влез во Велес, на околу 250 метри пред старата бензинска пумпа на Макпетрол изгубило контрола и излегло надвор од патот, кон провалијата и застанало над амбисот.

Увид на местото на несреќата изврши јавен обвинител и екипа од велешката полиција, а во тој временски период сообраќајот на овој дел од патот беше затворен.