Кошарка
3. November 2017 - 7:35

(ВИДЕО) Химки му го нанесе првиот пораз на Реал

Руската екипа Химки му го нанесе првиот пораз на Реал во Евролигата, откако синоќа на гостувањето во Мадрид го совлада со 80-86. 

 
Предводник на Химки во овој триумф беше Алексеј Швед кој средбата ја заврши со 20 поен, додека Андерсон придодаде уште 16 поени.
 
На спротивната страна Лука Дончиќ повторно беше најзабележителниот играч на Реал, а натпреварот го заврши со 12 поени, 7 скока и 4 асистенции. 
 
По овој пораз на Реал сега во Евролигата останува само тимот на Олимпијакос како единствен кој ја нема почуствувано горчината на поразот. 
 
А, дали ќе остане така и по петтиот меч ќе видиме вечерва по дуелот пртотив  Барселона на гостински терен.