Ракомет
5. February 2017 - 11:22

(ВИДЕО) Голот на Лазаров најубав на Светското првенство во Франција

 Точно една седмица по завршувањето на Мундијалот во Франција, Светската ракометна федерација (ИХФ) ги избра десетте најубави голови постигнати на Светското првенство.
 
Иако конкуренцијата беше голема, а на првенството беа постигнати голем број на убави погодоци, сепак се чини ИХФ имаше лесна задача да го одбере најубавиот. А, тоа е еден од 50-те голови кој ги постигна најдобриот стрелец на првенството, капитенот на македонската репрезентација Кирил Лазаров.
 
Постигнатиот гол на Лазаров на мечот против Шпанија, односно „цепелинот“ со Дејан Манасков е избран за најубав гол на Светското првенство.
 
Ваквиот начин на завршница на акциите честопати го гледавме кога во прашање беше репрезентацијата на Македонија.
 
Ова е изборот на 10-те најубави голови на Светското првенство во Франција.